Според окружниот обвинител на округот Сан Хасинто, Тод Дилон, Оропеза, мексикански државјанин, се изјаснил за виновен по повеќе точки од обвинението за убиство за да избегне смртна казна. Договорот за казната е постигнат по долги разговори со семејствата на жртвите, објави NBC news.
Полицијата тврди дека на 28 април 2023 година, Оропеза упаднал во куќата на неговите соседи, откако тие побарале од него да престане да пука бидејќи му го нарушувал сонот на детето. Меѓу жртвите има и деветгодишно дете, додека бебето не било повредено. Сите жртви биле по потекло од Хондурас.
Man who killed 5 in Texas after a neighbor complained about gunfire gets life in prison https://t.co/czUPMJGXWN via @nbcnews
— Karen (Harris/Walz Alaskan Democrat) 🆘🌊🌊🌊 (@17frosted) January 30, 2025
Инцидентот се случил во руралниот град Кливленд, на околу 70 километри северно од Хјустон. Оропеза побегнал од местото на злосторството, предизвикувајќи интензивна потера. Полицијата го уапсила неколку дена подоцна во близина на градот Конро, на околу 30 километри од местото на злосторството.
Претставници за имиграција на САД потврдиле дека Оропеза била депортирана четири пати помеѓу 2009 и 2016 година. Сепак, обвинителот Дилон изјави дека Оропеза немало да биде депортиран, ниту пак има право на никакви привилегии. Остатокот од животот ќе го помине во затвор под надзор на Одделот за кривична правда во Тексас.
Оропеза ја прифатил пресудата откако ги слушнал емотивните изјави од членовите на семејството на жртвите. Неговиот адвокат веднаш не дал изјава за медиумите, но претходно изјавил дека тензиите меѓу Оропеза и неговите соседи постоеле подолго време.