Многу загрижувачко соопштение од Ватикан за здравствената состојба на папата Франциск

28.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Многу загрижувачко соопштение од Ватикан за здравствената состојба на папата Франциск

„Следните 24 до 48 часа ќе бидат значајни за папата Франциск. Неговата состојба се влоши“, соопшти Светата столица.

Папата Франциск беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, а вчера беше објавено дека дијагностицираниот проблем со бубрезите е решен.

Во вторникот, Ватикан соопшти дека папата четврти ден по ред останува во критична состојба, но дека е стабилен и дека нема никакви нови респираторни проблеми.

Папата Франциско, кој е на чело на Католичката црква од 2013 година, имаше неколку здравствени проблеми во последните две години. Склон е на белодробни инфекции бидејќи како млад развил плеврит и хируршки му бил отстранет дел од белите дробови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата