Според американскиот претседател, сега во игра се 22-точки, од кои според извештаите три се засега непремостливи. Територилните прашања, ограничувањето на украинската армија и потенцијалното членство на Украина во НАТО. Трамп се откажа од оптимистичкиот рок за договор со Киев до утре, но вели на Украина не и е во прилог многу да чека.
-Ако погледнете, работите се движат во една насока. Се работи за територии кои во следните месеци можеби ќе ги освои Русија. Значи, дали сакате да се борите и да загубите 50-60 илјади луѓе или да направите нешто сега? Дали имате рок? – Јас немам краен рок. За мене, краен рок е кога ќе заврши. Мислам дека сите се уморни од војната во моментов. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Но, во екот на преговорите американската дипломатија се соочува со скандал, откако Блумберг објави аудио снимка од телефонскиот разговор на Виткоф со високиот руски претставник Јури Ушаков кој датира од уште од пред месец и половина. Според транскриптот, Виткоф го советува рускиот дипломат како да ја придобијат довербата на Трамп, се зборува за актуелниот мировен договор, како и дека Русија би го добила целиот регион Доњецк. Ушаков ја потврди автентичноста на разговорот и обвини дека целта на протекувањето е да се нарушат мировните разговори. За Трамп, тука немало ништо спорно.
-Не сум ја слушнал (содржината), но чув дека било стандардно преговарање. Претспоставувам дека истото ѝ го кажува и на Украина. Бидејќи секоја страна треба да зема и дава. , изјави Трамп.
Паралелно и европските лидери ја продолжуваат дипломатската битка. Германскиот канцелар Мерц вели дека Путин не може да се надева на мир, ако тоа значи капитулација на Украина.
-Сакам да бидам јасен. Европските прашања можат да се решаваат единствено во договор со Европа. Европа не е пасивен посматрач, туку суверен учесник со сопствени интереси и вредности. , изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.
Шефицата на Европската Комисија, Фон дер Лајен, пак, во европскиот парламент ги претстави црвените линии на Унијата, меѓу кои дека нема да има еднострано менување на граници, ниту ограничување на украинската армија, затоа што тоа би ја направило ранлива на идни агресии.

