Сојузот на десниот центар ЦДУ/ЦСУ на Мерц – составен од Демохристијаните (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во Баварија, победи на парламентарните избори минатиот месец и во моментов води информативни разговори со Социјалдемократската партија (СПД) за формирање коалиција.
Преговорите се случуваат во време кога Европа сака да усогласи одговор на очигледната промена во американската политика за војната во Украина.
Мерц денеска во Берлин рече дека „итноста е голема“ и дека страните треба „да се обидат да се договорат“ пред самитот на лидерите на ЕУ в четврток во Брисел.
Тој в четврток треба да присуствува на одделен состанок на групата на Европската народна партија во Брисел и рече дека би сакал тој и канцеларот во заминување Олаф Шолц да го кажат „истото“.
Мерц (69) не ги коментираше извештаите дека размислува да свика специјална седница на Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент, за да обезбеди дополнителни воени трошоци. /МИА