Мерц: Маск ќе се соочи со последици поради мешањето во предизборната кампања во Германија

13.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц: Маск ќе се соочи со последици поради мешањето во предизборната кампања во Германија

 Кандидатот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, кој исто така раководи со американското Одделение за ефикасност на Владата, ќе се соочи со последици поради мешањето во германската предизборна кампања.

Во интервју за „Волстрит џурнал“, тој рече дека тоа што се случува во предизборната кампања не може да помине без реакција.

„Тоа може да биде политички одговор. Може да биде правен одговор. Сакам тоа мирно да го анализирам по оваа изборна кампања“, рече Мерц. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата