Мелони му честиташе на Трамп

20.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони му честиташе на Трамп

- Италија секогаш ќе работи на зајакнување на дијалогот меѓу САД и Европа, кој е главен столб за стабилноста и растот на нашите заедници, објави Мелони на X, која присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Таа изрази уверување дека пријателството меѓу Италија и САД ќе го зајакне нивното стратешко партнерство.

Мелони рече дека сака „да се справи со глобалните предизвици и да изгради просперитетна и сигурна иднина“ за нивните нации, заедно со Трамп./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата