Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

21.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“.

„Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата. МААЕ ги истражува извештаите“, се додава во соопштението.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, „го повтори повикот за воена воздржаност за да се избегне каков било ризик од нуклеарна несреќа“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата