Меѓу жртвите на авионската несреќа во Вашингтон и двајца кинески државјани

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меѓу жртвите на авионската несреќа во Вашингтон и двајца кинески државјани

Кинеската амбасада соопшти дека длабоко жали за сите жртви и изразува искрено сочувство до нивните семејства, пренесе Ксинхуа.

Амбасадата побара од американската страна да ги утврди сите детали за инцидентот што се случи во средавечер и формално да ја извести кинеската страна, како и да им пружи помош на семејствата на жртвите во справувањето со последиците.

Во соопштението се наведува дека амбасадата ќе понуди и конзуларна заштита и помош во нејзина надлежност.

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот потврди дека и црните кутии поврзани со рекордерот за податоци за летот и снимачот на гласот од пилотската кабина се извлечени од остатоците на авионот во реката Потомак.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пред новинарите во Белата куќа изјави дека никој не ја преживеал несреќата во која учествуваа патничкиот авион на компанијата „Американ ерлајнс“ од Вичита, Канзас, со 60 патници и четворица членови на екипажот и воениот хеликоптер „Блек Хок“, со тројца војници на американската армија.

Досега се пронајдени најмалку 40 тела.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата