Масовна престрелка во САД – голем број повредени: Мотивот за злосторството не е познат (ВИДЕО)

26.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масовна престрелка во САД – голем број повредени: Мотивот за злосторството не е познат (ВИДЕО)

Полицијата на округот Хори соопшти дека пукањето се случило во неделата околу 21:30 часот по локално време, во близина на авенијата Вотсон. Сè уште не е познато во каква состојба се повредените, пренесува АП.

Полицијата извести дека повредените се префрлаат во болници и дека пристигнуваат нови информации за дополнителни жртви.

Околу час и половина по инцидентот, властите соопштија дека се работи за изолиран случај и дека нема опасност за граѓаните.

Мотивот на престрелката засега е непознат, а не е соопштено дали има осомничени. Инцидентот се случил на улица каде претежно има станбени згради и куќи, со мал број деловни објекти.

На видеата од местото на настанот се гледаат десетици полициски возила и амбулантни коли што ги транспортираат повредените.

АП јавува дека еден локален полицаец, кој интервенирал на лице место, случајно се саморанил во ногата и е хоспитализиран, но е во стабилна состојба, пренесуваат светските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата