Тој и Трамп одржаа заедничка прес-конференција во Белата куќа.
„Илон навистина нема да си замине. Тој ќе биде тука и таму. Чувствувам дека тоа е негово дете и мислам дека ќе направи многу повеќе. Но, службата на Илон за Америка е неспоредлива во модерната историја“, рече Трамп на почетокот.
Потоа американскиот претседател прочита список на заштеди за кои тврди дека DOGE наводно ги постигнал.
Тврди дека заштедите вклучуваат:
• 101 милион долари помалку за политиките за разновидност, еднаквост и вклучување (DEI) во Министерството за образование
• 59 милиони долари помалку за хотелско сместување за мигранти во Њујорк
• 42 милиони долари помалку за проект за социјална и промена на однесувањето во Уганда
• 24 милиони доалри помалку за „арапската верзија на улицата Сезам“
• 8 милиони долари помалку за „трансродови глувци“
Не е прв пат Трамп да изнесува такви тврдења, кои претходно беа оспорени. Контроверзното тврдење за „трансродови глувци“ наводно делумно се однесува на научна студија – финансирана од американската влада – во која се користеле глувци за да се истражи како терапијата со естроген и антитестостерон влијаела врз имунолошкиот одговор на вакцината против ХИВ.
Маск: Ова е почетокот на DOGE
Маск рече дека ќе продолжи да има влијание врз Белата куќа. „Ова не беше крај на DOGE, ова всушност беше почеток“, рече Маск.
„Тимот на DOGE со текот на времето стана посилен. Уверен сум дека ќе постигнеме намалување на измамите за трилион долари. Мислам дека тимот на DOGE заврши неверојатна работа, ќе продолжи да го прави тоа, а јас ќе продолжам да го посетувам и да бидам пријател и советник на претседателот“, вели Маск.
Трамп му подари на Маск златен клуч од Белата куќа во изрезбана кутија како подарок за збогум.