Новиот суперсоничен авион ќе ја засили воздухопловната база 116 во Луксеј-ле-Бен, која се наоѓа на истокот на земјата, рече претседателот во говорот пред воениот персонал, а за да ја подготви базата за новиот авион, француската влада ќе инвестира 1,5 милијарди евра.
Двете нови ескадрили ќе имаат и способност за нуклеарно одвраќање од 2035 година. Според Макрон, Рафал ќе може да носи хиперсонична нуклеарна ракета. „Светот во кој живееме е сè поопасен и сè понеизвесен“, рече францускиот претседател, оправдувајќи ја инвестицијата со „геополитички трендови“, пишува порталот „Airdata News“.
Француската реакција претставува уште еден чекор кон поголема независност од Соединетите држави, кои го предводат НАТО 80 години, но чија иднина е неизвесна со оглед на ставот на претседателот Доналд Трамп, кој се закани дека ќе ги повлече американските трупи од Европа и ќе ја прекине воената помош за Украина во нејзината војна против Русија.
Големите европски земји започнаа разговори за зголемување на трошоците за одбрана и забрзување на воените програми. Постои и тенденција да се замени американското оружје со слични европски алтернативи. Макрон дури ги повика своите европски колеги да престанат да го купуваат борбениот авион Ф-35 и да го заменат со моделот Рафал.