Макрон по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

16.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

Макрон ја даде изјавата по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во кој учествуваа и Зеленски, Стармер, Мерц и Туск, веднаш по денешните разговори во Истанбул.

-Со одбивањето на примирје и дијалог со Украина, Русија покажува дека не сака мир и само се обидува да купи време со продолжување на војната, рече Макрон.

Тој додаде дека Европа, САД и коалицијата на сојузници ќе продолжат да координираат заеднички одговор, пред самитот на Европската политичка заедница во Тирана. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата