Макрон: Бесот на САД треба да биде насочен само кон една личност

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон: Бесот на САД треба да биде насочен само кон една личност

„Единствено што треба да направи претседателот Путин е конечно да престане да лаже“, рече Макрон за време на посетата на Мадагаскар, пренесе АФП. „Тој им кажува на американските преговарачи дека сака мир, а во исто време продолжува да ја бомбардира Украина“, додаде тој.

Макрон рече дека Украинците сакаат да слушнат само едно: дали Путин се согласува на безусловен прекин на огнот? Тој нагласи дека „ако Путин каже „да“, пушките веќе утре би можеле да замолчат и да се спасат животи“. „Американскиот гнев треба да биде насочен само кон една личност – претседателот Путин“, заклучи Макрон.

Вчера Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека одбива мир и рече дека може да „избере меѓу мирот и уште три години војна“, додека утринава претседателот на САД му порача на Путин: „Владимир, ПРЕСТАНИ! 5.000 војници неделно умираат. Ајде да го завршиме мировниот договор“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата