Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна

Тој нагласи дека Русија е главна закана за Алијансата и оти завршната изјава на сите 32 членки покажала како Европа ја зајакнува својата позиција во рамките на НАТО откако се обврзаа на зголемување на трошоците за одбрана до 2035 година.

- Не можеме да кажеме дека ќе трошиме повеќе, а потоа во самата срж на НАТО да почнеме трговска војна, рече Макрон.

- Тоа е апсурд и затоа е многу важно да се вратиме на она што треба да биде правило меѓу сите сојузници, а тоа е вистински трговски мир и, следствено, намалување на сите царински бариери кои постојат или се зајакнати, нагласи тој.

Макрон додаде дека оваа тема ја отворил повеќе пати во разговорите со Трамп и оти е време тоа да се заврши.

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата