Шест други турски градови се меѓу десетте најжешки во Европа - Килис (40,3), Анталија (целата област, 40,2), Маниса (40,2), Дикили (40), Батман (39,9) и Кахраманмараш (39,8).
Меѓу најжешките градови утрово беа Лефконико на Кипар, каде што беа измерени 40,6 степени, Каспе-Плана дел Пилон во Шпанија со 40,1 степен и Клермон во Франција со 39,8 степени.
Од друга страна, најстуденото место во Европа утрово беше во Норвешка, каде што во Консој беа измерени минус 2,3 степени.
Првите десет места во минус се главно градови од Норвешка и Шведска. Во светот, најтопло утрово беше во Кувајт, 49,6 степени, Оман и Пакистан, а најстудено на Антарктикот - минус 70,9 степени.