Мафијата во Италија ја заврши меѓусебната војна и се сврте кон соработка

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мафијата во Италија ја заврши меѓусебната војна и се сврте кон соработка

Додадено е дека сицилијанската организација Коза Ностра и Камора од околината на Неапол формираат сојузи дома и во странство, додека калабриската Ндрангета е сè повеќе фокусирана на контрола на проекти за јавни работи.

„Коегзистенцијата доведе до синергија изразена преку формирање структури способни да ги неутрализираат конфликтите, споровите и тензиите“, изјави директорката на DIA, Мишел Карбоне, на прес-конференција, објави Ројтерс.

Во извештајот се истакнува дека големите проекти за јавни работи биле загрозени од инфилтрација на мафијата, па затоа мерките за борба против оваа криминална организација биле фокусирани на градежниот сектор во 2024 година, со 200 истраги спроведени на градилишта за јавни проекти.

Карбоне, исто така, истакна дека мафијата сè повеќе го совладува технолошкото знаење и користи шифрирани комуникациски канали, како и одржува контакт со затворениците преку беспилотни летала.

Во исто време, членовите на мафијата сè повеќе ги користат кинеските „подземни банкарски“ мрежи за перење пари, покажува извештајот на ДИА.

Друг заклучок од извештајот е дека е забележливо регрутирање на маргинализирани групи млади луѓе во Италија кои се ангажирани од членови на мафијата за извршување кривични дела, а социјалните мрежи особено придонесуваат за ширењето на овој феномен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата