Лос Анџелес се подготвува за нови екстремни пожари, најавени се силни ветришта

19.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лос Анџелес се подготвува за нови екстремни пожари, најавени се силни ветришта

Националната метеоролошка служба (NWS) во Лос Анџелес предвидува дека од утре до вторник во градот ќе дуваат ветрови Санта Ана со брзина до 130 км/ч, што може повторно да ги разгорат пожарите.

Соопштението дојде откако пожарникарите известија дека постигнале добар напредок во напорите да го локализираат пожарот Итон во близина на Палисадес, бидејќи температурите паднале и ветровите се намалиле во текот на викендот.

Од избувнувањето на пожарите на 7-ми јануари во областа на Лос Анџелес, најмалку 27 луѓе загинаа, а повеќе од 12.000 згради се оштетени или целосно уништени во различни градски населби. Неколку жители се уште се водат како исчезнати.

Пожарот Итон во близина на Пасадена моментално е локализиран околу 73 отсто, како и пожарот Палисадес, кој ги избриша богатите станбени населби на западниот раб на Лос Анџелес, горејќи 96 квадратни километри, според податоците на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

На илјадници жители им било дозволено да се вратат дома благодарение на подобрените временски услови за време на викендот, но е упатен нов повик до сите во регионот да бидат многу внимателни во случај да бидат принудени повторно да се евакуираат поради променливите временски услови.

Метеоролошката служба постојано предупредува дека ветровите што го разгоруваат пламенот може да резултираат со нови пожари предизвикани од преостанатите искри.

Гаснењето од воздух е оневозможено поради силните ветрови, а многу сувата вегетација го фаворизира ширењето на постоечките и новите пожари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата