Локалните власти на Сицилија ги предупредуваат туристите да не се приближуваат до Етна

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Локалните власти на Сицилија ги предупредуваат туристите да не се приближуваат до Етна

Шефот на регионалната служба за цивилна заштита, Салво Кочина, изјави дека однесувањето на туристите во последните денови е многу опасно, предупредувајќи дека голем дел од нив паркираат по тесни улички, го спречуваат минувањето на возилата за итни случаи и создаваат метеж, пренесува Гардијан.

Според него, ситуацијата се влошува навечер, бидејќи многу туристи се изложени на ризик да паднат и да се повредат. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата