Лавров: Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ ќе доведе до уште поголема деиндустријализација на Европа

28.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров: Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ ќе доведе до уште поголема деиндустријализација на Европа

-Јасно е дека овој пристап ќе доведе до интензивирање на деиндустријализацијата на Европа, до пренасочување на инвестициите од Европа кон САД, а ова ќе биде многу силен удар - пред сè врз цените на енергијата, врз одливот на инвестиции од европската индустрија, од европското земјоделство, истакна Лавров на форум во Московскиот регион.

„Дијалогот меѓу Москва и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп покажува дека сè уште има разумни луѓе во западните земји“, рече министерот на истиот настан.

Лавров нагласи дека условите на Русија за решавање на конфликтот со Украина подразбираат одбивање на Киев да се приклучи на НАТО, прекин на проширувањето на алијансата и признавање на територии.

-Инсистираме на нашите легитимни барања, имено - да ја гарантираме нашата безбедност: никакво вклучување на Украина во НАТО, никакво проширување на НАТО [...] И, секако, признавање на оние реалности што се вградени во нашиот Устав како апсолутно неалтернативен услов, нагласи тој. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата