Најмалку две лица се убиени, а три други се повредени и однесени во болница во пукотница што се случила рано утрово по локално време во казино во Рино, Невада, изјавија официјални лица за Асошиејтед Прес.
Вооружениот напаѓач отворил оган пред казиното Гранд Сиера Ризорт, ранувајќи неколку лица пред да биде приведен, соопшти полицијата.
Состојбата на жртвите сè уште не е позната, изјави портпаролот на полицијата во Риноун, Крис Џонсон. Вооружениот напаѓач е на лекување во болница, додаде Џонсон.
Керолајн Акерман, портпаролка на Регионалниот медицински центар Риноун, изјави дека одделот за итни случаи на установата примиле повеќе пациенти со прострелни рани.
„Пукањето е пријавено околу 7:30 часот по локално време, надвор од казиното, во зоната за прием на возила“, рече Џонсон.
At least 2 dead, multiple people shot at Nevada casino in Reno with a suspect in custody https://t.co/rs7rMtk46p
— FOX61 (@FOX61News) July 28, 2025
Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Вашо потврди дека еден полицаец бил вклучен во пукотницата. Полицијата во Рино ги предупреди жителите да ја избегнуваат областа. На местото на настанот реагираа повеќе служби за итни случаи, вклучувајќи неколку амбулантни возила.
Гранд Сиера Ризорт се гордее со најголемото казино во Северна Невада и се наоѓа на само неколку блока од меѓународниот аеродром. Исто така, тоа е една од највисоките згради во градот, со речиси 2.000 хотелски соби.
Во есента 2024 година, претседателот Доналд Трамп одржа предизборен митинг во главната балска сала на одморалиштето.