„Ние остануваме посветени на мировно решение. Секогаш сме отворени за разговори и работиме активно на нацрт-документ кој ги утврдува условите за постигнување сигурен, долгорочен договор за решавање на конфликтот. Штом ќе заврши размената на воени заробеници, ќе бидеме подготвени да ѝ предадеме на Украина таков нацрт-документ, што Русија сега го комплетира“, изјави Лавров, откако Русија и Украина вчера разменија по 390 воени заробници и кажаа дека ќе ослободат уште во следните денови.
Лавров ја обвини Украина дека извела серија напади со дронови врз Русија во изминатите денови, што предизвикало жртви и прекини во авиосообраќајот. Притоа додаде дека Европската унија охрабрува такви напади за да се поткопаат мировните напори предводени од доналд трамп.
Русија, пак, утрово го нападна Киев со дронови и проектили, предизвикувајќи пожари низ градот, кажа градоначалникот Витали Кличко. Притоа биле повредени најмалку осум луѓе.