Лавров рече дека тој разговор, во кој Трамп и Путин дискутирале за завршување на војната во Украина, бил „нормален, елементарен разговор меѓу двајца образовани и учтиви луѓе“.
„Ме погоди фактот дека сега целиот свет е во некој вид зачуденост и дека телефонскиот разговор кој е воден и извештајот за овој телефонски разговор се смета за нешто необично“, рече Лавров по разговорот со таџикистанскиот министер за надворешни работи Сироџидин Мухридин.