Лариџани: Ормускиот теснец е небезбеден поради „пожарот што го запалија САД и Израел“

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лариџани: Ормускиот теснец е небезбеден поради „пожарот што го запалија САД и Израел“

Според него, безбедноста во Ормускиот теснец не може да биде обновена сè додека трае војната со САД и Израел, пренесе Ал Џезира.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека Франција и земјите сојузнички подготвуваат „одбранбена мисија“ за повторно да го отворат Ормускиот теснец, Лариџани рече дека такво нешто е „малку веројатно“ додека трае војната.

Макрон претходно денеска, за време на посетата на Кипар, најави формирање на „чисто одбранбена“ мисија со цел отворање на теснецот.

- Во процес сме на воспоставување чисто одбранбена мисија за придружба, која мора да биде подготвена заедно со европските и неевропските држави. Таа треба да овозможи, штом тоа биде изводливо, придружба на контејнерски бродови и танкери за Ормускиот теснец постепено повторно да се отвори – изјави Макрон, инсистирајќи на „мирољубивата“ цел на мисијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата