Најмалку 20 загинати во израелски напади врз јужен Либан и предградијата на Бејрут

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 20 загинати во израелски напади врз јужен Либан и предградијата на Бејрут

Либанското министерство за здравство соопшти дека 16 лица загинале, а 40 се ранети во јужен Либан, додека во израелските воздушни напади врз филијалите на мрежата „Ал-Кард ал-Хасан“, поврзана со Хезболах, во јужните предградија на Бејрут, загинало лице и повредиле 12 други, пренесе ДПА.

„Ал-Кард ал-Хасан“ е вид на банка поврзана со Хезболах и има свои филијали низ Либан, вклучувајќи го и Бејрут.

Министерството за здравство претходно соопшти дека во нападите врз локации со кои управува Исламскиот здравствен комитет, исто така поврзан со Хезболах, во два јужни либански окрузи, загинале двајца болничари, а шестмина се повредени, обвинувајќи го Израел за „систематско гаѓање на спасувачки тимови“.

Израелските сили извршиле 11 воздушни напади насочени кон финансиската институција на Хезболах во јужните предградија на Бејрут. Силни експлозии се слушнале низ главниот град, а густ црн чад ги прекрил целните области. Во најновата ескалација досега загинаа околу 400 луѓе во Либан.

Хезболах, од своја страна, ја презеде одговорноста за неколку нови напади врз израелски цели. Милитантната група соопшти дека биле истрелани ракети кон воздушна база во Хаифа, меѓу останатите цели.

Портпаролот на израелската војска изјави дека Хезболах досега искористил стотици ракети и дронови против израелските цивили во северен Израел. Нападите од јужен Либан докажуваат дека милитантната група не се повлекла од тој регион како што било договорено, нагласи портпаролот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата