Џеф Ландри, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд и гувернер на Луизијана, изјави дека шефот на државата планира во март да го посети арктичкиот остров и изрази увереност дека може да се постигне договор, објавија британските медиуми.
„Навистина верувам дека треба и може да се постигне договор ако посетата стане факт“, рече Џеф Ландри во денешното интервју за каналот „Фокс њуз“ по состанокот на американската делегација, составена од републикански и демократски конгресмени, со лидерите на Данска и Гренланд.
„Претседателот е сериозен. Тој веќе ѝ кажа на Данска што сака и сега останува државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ. Д. Венс да постигнат договор“, додаде Ландри.

