Лами: Велика Британија го поздрави договорот за минералите меѓу САД и Украина

1.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лами: Велика Британија го поздрави договорот за минералите меѓу САД и Украина

Министерството за финансии на САД синоча објави дека е формиран „инвестициски фонд за закрепнување“ на Украина, а украинскиот премиер Денис Шмихал го опиша како „вистински праведен и добар меѓународен договор“. 

Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, на платформата Х потврди дека двете страни го потпишале договорот.  

„Благодарение на лидерството и договорите меѓу претседателот Володимир Зеленски и претседателот Доналд Трамп, министерот за финансии Скот Бесант и јас го потпишавме договорот меѓу Украина и САД за формирање на Инвестициски фонд за реконструкција меѓу Украина и САД“, напиша Свириденко на Х. 

  

Во објава на Х министегрот Лами денеска изјави: „Обединетото Кралство ги поздравува чекорите преземени од САД и Украина за потпишување договор за економско партнерство. Поддршката на Обединетото Кралство за Украина останува непоколеблива. Со нашето 100-годишно партнерство, ги продлабочуваме економските и безбедносните врски за идните генерации на нашите две земји“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата