Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот , изјави портпарол на Бакингемската палата.
Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот синоќа откако излегол од арената.
И покрај тоа што му била укажана итна медицинска помош, војникот се здобил со сериозни повреди и починал на местото на настанот, соопшти полицијата..
Кралот и членовите на кралското семејство биле во арената во моментот на инцидентот, но првично не знаеле за сериозноста на ситуацијата.
„кралот бил многу шокиран и тажен кога дознал за смртта на членот на групата и тој ќе биде во контакт со семејството за да го сподели своето лично сочувство, соопштија од Бакингемската палата.

