Командант на вооружените сили на Иран: „На врвот сме на борбената подготвеност“

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Командант на вооружените сили на Иран: „На врвот сме на борбената подготвеност“

- Во однос на борбените способности и подготвеноста,, ние сме во најдобра форма. Благодарение на Бога, нашите вооружени сили се во најдобра состојба во однос на собирање разузнавачки податоци, оперативно планирање и подготвеност за спроведување на сценарија, изјави Бакери.

Генералот додаде дека сите оперативни планови и услови биле проверени за време на неговата инспекција во поморската база во Бандар Абас, изразувајќи уверување дека иранските вооружени сили се во оптимална состојба во однос на обуките и маневрите.

- Нашиот совет до противниците е да не го потценуваат Иран. Доколку предизвикаат конфликт, Исламската Република Иран ќе ги контролира местото и времето на одговорот, предупреди генерал-мајорот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата