Во соопштението се вели дека во областа се запленети и повеќе од 3.700 галони шверцувано гориво, „со што се спречува зајакнувањето на локалните нелегални економски активности“, објави CBS News.
Фотографиите што ги сподели колумбиската морнарица покажуваат некои од лабораториите и запленетиот кокаин во мали пакувања, секој со тежина од околу два килограми.
Морнарицата соопшти дека тројца членови на криминална група се уапсени при заплената на дрога, двајца од Еквадор, а националноста на третиот не е наведена.
„Продолжуваме да спроведуваме контролни операции за да ја заштитиме безбедноста и стабилноста на земјата“, се вели во официјалното соопштение.
Колумбија е најголемиот производител на кокаин во светот, а односите меѓу Вашингтон и Богота се затегнати бидејќи САД ја обвинуваат колумбиската влада дека не успеала да го ограничи зголемувањето на производството на кокаин, поради што се воведени санкции врз колумбискиот претседател Густаво Педро.

