Кина ќе ги зголеми повратите на даноци за странските туристи за да ја зголеми потрошувачката

27.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина ќе ги зголеми повратите на даноци за странските туристи за да ја зголеми потрошувачката

Во заедничко соопштение на Министерството за трговија на Кина и другите министерства се вели дека минималниот дневен лимит за трошење странски турист во една продавница за да се квалификува за враќање данок сега е намален на 27,45 долари (200 јуани), во споредба со 68,62 долари (500 јуани).

Се истакнува дека Кина ќе го промовира проширувањето на продавниците за враќање данок за странски туристи во трговските зони, туристичките места, аеродромите и хотелите. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата