Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

22.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

-Мерките преземени од САД, заедно со Израел, против иранските нуклеарни постројки испраќаат јасен сигнал до иранскиот режим - дека е неприфатливо тој да продолжи со својата политика на дестабилизација на безбедносната ситуација на Блискиот Исток, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението од Министерството се додава дека Иран е соучесник во руската инвазија на Украина и дека ѝ обезбедува воена помош на Москва, особено беспилотни летала што се користат за бомбардирање на украинската територија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата