Херцог од Ватикан повикува на обновување на меѓуверските врски и враќање на заложниците

18.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Херцог од Ватикан повикува на обновување на меѓуверските врски и враќање на заложниците

„Денеска имам чест да го претставувам Израел на историската инаугурација на папата Лав XIV во Ватикан. Се надевам дека неговото папство ќе воведе нова ера на соработка меѓу сите вери и дополнително ќе го зајакне пријателството меѓу Евреите, христијаните и муслиманите во Светата земја“, напиша Херцог на платформата X.

Херцог изјави дека сака да „ги продлабочи историските врски меѓу Израел и Светата столица“ и наскоро да го пречека новиот папа во Израел.

„Благодарен сум за фактот што еден од првите потези на Папата беше повик за итно враќање на сите наши сестри и браќа кои сега се држат како заложници во Газа 590 болни дена. Денеска, како и на сите мои средби со светските лидери, со себе носам итен повик до сите наши заложници веднаш да се вратат дома“, рече претседателот на Израел.

Израел на погребот на папата Франциск минатиот месец беше претставен само од неговиот амбасадор во Светата столица, Јарон Сајдман, во она што многумина го оценија како најниска точка во односите меѓу Ватикан и Ерусалим во последните години, објави „Тајмс оф Израел“.

Минатата недела, латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пикабала, изјави дека се надева оти присуството на Херцог на инаугурацијата ќе означи пресвртница што ќе ги намали тензиите и ќе ги подобри односите./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата