Хегсет: Улогата на Јапонија во соочувањето со кинеската агресија е неизбежна

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет: Улогата на Јапонија во соочувањето со кинеската агресија е неизбежна

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска за време на посетата на Токио изјави дека улогата на Јапонија во соочувањето со кинеската агресија е неизбежна, а истовремено најави и зајакнување на американската воена команда во таа земја.

„Јапонија е наш партнер без кој не можеме во одвраќањето на комунистичката кинеска воена агресија, вклучително и во подрачјето на теснецот Тајван“, му рече Хегсет на јапонскиот министер за одбрана Гену Накатани.

Американски официјален претставник ја нарече Јапонија камен-темелник на мирот и безбедноста во индо-пацифичкиот регион, додавајќи дека администрацијата на Трамп ќе продолжи тесно да соработува со својот клучен сојузник во Азија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата