Бројот на повредени во пожарот на гасоводот во Малезија се искачи на 112

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на повредени во пожарот на гасоводот во Малезија се искачи на 112

Претходно беше соопштено дека 33 лица се повредени, а шестмина се пренесени во болница.

Заменик-началникот на полицијата на државата Селангор, Мохд Заини Абу Хасан, рече дека во пожарот биле оштетени и 49 куќи, пренесе Ксинхуа.

Се наведува дека магистралниот гасовод е исклучен и дека пожарот целосно ќе биде изгаснат откако ќе изгори преостанатиот гас.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим и нареди на државната влада да им помогне на жртвите од инцидентот.

Претходно денеска властите соопштија дека избувнал пожар на гасовод со кој управува државната енергетска компанија „Петронас“ во државата Селангор, во близина на главниот град Куала Лумпур.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата