Хаос во прифатен центар за мигранти на Сицилија, стотици бегаат преку ограда (ВИДЕО)

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во прифатен центар за мигранти на Сицилија, стотици бегаат преку ограда (ВИДЕО)

Персоналот на итната помош неуспешно се обидел да ги спречи да заминат.

Најмалку сто мигранти ја прескокнале оградата на центарот каде има повеќе од илјада луѓе, а најмалку еден полицаец е ранет, јавува италијанската новинска агенција Анса. Преполниот центар го обезбедувале околу 20 полицајци, додава агенцијата. Градоначалникот на јужниот пристанишен град Порто Емпедокле изјави дека мигрантите побегнале од кампот поради лошите услови што владеат таму.

„Тие не побегнаа од овде за да одат на друго место, туку да бараат храна и пијалок“, изјави градоначалникот Калогеро Мартело за веб-страницата RaiNews.

Тој самиот ги нарече условите во кампот нехумани и побара поддршка од владата во Рим. Покрај илјадниците луѓе кои пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза минатата недела, повеќе од 1.000 беа испратени во засолниште во Сицилија на неколку дена.

Порто Емпедокле се смета за транзитна точка за мигрантите кои пристигнуваат од преполната Лампедуза за да бидат испратени во други градови по престојот на Сицилија. Но, центарот во моментов е преполн, бидејќи трансферот до копното се одвива исклучително бавно, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Денеска италијанската влада треба да донесе нови мерки како дел од законот за регулирање на мигрантите, бидејќи Лампедуза минатата недела беше поплавена од невиден бран мигранти, со повеќе од осум илјади луѓе.

Поради ваквата несекојдневна ситуација, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, придружувана од италијанската премиерка Џорџија Мелони, вчера ја посети Лампедуза и вети поддршка од ЕУ и презентираше акционен план за решавање на кризата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата