Хаос на улиците на Амстердам- две пукотници во рок од половина час, едната во преполн парк

29.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос на улиците на Амстердам- две пукотници во рок од половина час, едната во преполн парк

27-годишен маж е повреден во пукотница во населбата Гелдерсхофд синоќа, а полицијата го бара напаѓачот кој веднаш по инцидентот избегал со мал автомобил, објави холандскиот јавен сервис Нос.

Вториот инцидент се случил во парк во Амстердам, кој во тој момент бил полн со луѓе, а како што изјави портпаролот на полицијата, чудо е што никој не е повреден.

Според полицијата, сведоците слушнале повеќе истрели, а потоа виделе маж со пиштол како трча кон Шпарндамерстрат.

Полициските службеници на местото на настанот пронашле вкупно пет чаури.

Дополнителни детали за двата инцидента засега не се дадени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата