Хамас му ја предал листата со имиња на Израел преку посредници од Египет и Катар, а известени се и семејствата на заложниците, пишува Тајмс оф Израел.
Освен тоа, утре се очекува Хамас да ослободи пет тајландски државјани.
Во моментов има уште осум Тајланѓани во Газа, како и по еден државјанин од Непал и Танзанија, но израелските власти потврдија дека двајца Тајланѓани и еден Танзаниец се мртви.
Израел претходно оваа недела објави дека војникот Агам Бергер и Арбел Јехуд, чијшто цивилен статус бил спорно прашање, ќе бидат ослободени заедно со трет неименуван заложник.
Досега, во согласност со договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, ослободени се седум заложници, меѓу кои тројца цивили и четворица војници на израелската армија, кои беа киднапирани од Хамас на 7 октомври 2023 година.