Како што е наведено, три лица ќе бидат ослободени до петок, меѓу кои и жената војник Арбел Јехуд.
Останатите тројца заложници ќе бидат ослободени во сабота, соопшти Хамас.
Оваа информација е во согласност со тоа што претходно го објави Израел, имено дека Арбел Јехуд, војникот Агам Бергер и уште една заложничка ќе бидат ослободени в четврток, заедно со уште три лица кои ќе бидат ослободени в сабота.
Хамас, исто така, објави дека на раселените жители на северот на Газа ќе им биде дозволено од утринава да се враќаат во своите домови.
„Тајмс оф Израел“ потсетува дека израелските одбранбени сили (ИДФ) изјавија дека враќањето ќе започне во 7:00 часот по локално време.
Во меѓувреме, палестинските медиуми објавија дека ИДФ почнала да се повлекува од северниот дел на коридорот „Некарим“, во центарот на Газа.
Како дел од договорот за прекин на огнот, досега се ослободени седум заложници од вкупно 33, во замена за околу 300 палестински затвореници.
Според условите на договорот, Хамас требаше да го извести Израел за преостанатите 26 заложници на списокот, од кои сите се жени, деца, стари и немоќни, кои се уште се живи.
Хамас во саботата ослободи четири војници кои ги држеше како заложници 477 дена - Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Наама Леви и Лири Албаг - и покрај договорот што предвидува сите преживеани цивилни жени да бидат ослободени пред воените лица./МИА