Израелците погодија патнички авион полн со аџии- патниците панично бегаат (ВИДЕО)

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелците погодија патнички авион полн со аџии- патниците панично бегаат (ВИДЕО)

Телевизијата Ал Масира, поврзана со движењето Хути, потврди дека четири ракети ја погодиле пистата. Халед ал-Шајер, генерален директор на меѓународниот аеродром во Сана, за X Network изјави дека една од ракетите целосно го уништила последниот цивилен авион управуван од Јемениа Ервејс, објави Ал Џезира.

Објавени снимки од нападот. Една од нив ги прикажува патниците и екипажот како панично бегаат од авионот, пред тој да се запали неколку моменти подоцна.

„Сцени од евакуацијата на авионот на Јемениа Ервејс неколку моменти пред да биде нападнат од ционистичкиот непријател“, напиша ал-Шајер.

Авионот, според записите за заминување од летот, превезувал аџии во Саудиска Арабија за муслиманскиот хаџ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата