Израелскиот парламент гласаше за распуштање, анкетите велат дека Нетанјаху ќе ги изгуби следните избори

21.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелскиот парламент гласаше за распуштање, анкетите велат дека Нетанјаху ќе ги изгуби следните избори

Датумот на изборите засега не е утврден, но треба да се одржат најдоцна до 27 октомври.

За распуштањето се гласаше сега откако ултраортодоксна еврејска фракција објави овој месец дека веќе не се смета за партнер на Нетанјаху и ќе бара предвремени избори.

Лидерите на фракцијата кажаа дека коалицијата на нетанјаху не го исполнила ветувањето дека нивната заедница ќе биде исклучена од задолжителниот воен рок. Нетанјаху инаку, сè уште се соочува со судски процес за корупција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата