Израелски медиуми: В четврток во САД продолжуваат разговорите Либан - Израел

20.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелски медиуми: В четврток во САД продолжуваат разговорите Либан - Израел

Веста денеска ја објавија порталот „Јнет“ и весникот „Јерусалем пост“, но засега нема официјално соопштение, пренесува ДПА.

Либанската амбасадорка во САД, Нада Хамадех Моавад, и израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Леитер, одржаа разговори во Вашингтон пред нешто помалку од една недела, што беше прва директна средба меѓу претставници на двете земји по неколку децении.

На средбата присуствувал и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги гледа директните преговори како пат кон траен мировен договор со Либан и повикува на разоружување на проиранската милиција Хезболах, која е во отворен вооружен судир со Израел.

Од друга страна, Бејрут бара траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од јужен Либан. Израел воспостави „безбедносна зона“ на југот, што либанските власти го сметаат за окупација на нивна територија.

Насилствата повторно се разгореа откако во петокот рано наутро стапи во сила 10-дневен прекин на огнот.

Во изминатите шест недели Хезболах и Израел разменуваат оган, додека либанската влада и нејзините сили не се директно вклучени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата