Израелската армија уби 11 луѓе во Либан

26.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската армија уби 11 луѓе во Либан

Израелската армија соопшти дека отворила оган кога осомничени лица се обиделе да се приближат до војниците кои се распоредени во јужниот дел на Либан. Помеѓу загинатите има и еден либански војник.

Според планираното Израел денеска требаше да го заврши повлекувањето од јужниот дел на Либан, но Тел Авив тврди дека сè уште не се исполнети условите за прекин на огнот. Тоа значи дека израелската армија ќе остане во јужен Либан, но сè уште не е познато колку време.

Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах беше потпишан на 27 ноември и во рок од 60 дена требаше да се повлечат израелските војници и припадниците на Хезболах, а во јужниот дел од земјата да биде распоредена либанската армија.

Претходно Обединети нации соопштија дека сè уште не е безбедно во пограничните региони на Либан за враќање на бегалците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата