Израелската армија нареди итна евакуација на жителите во близина на аеродромот во Јемен

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската армија нареди итна евакуација на жителите во близина на аеродромот во Јемен

- Ако не го напуштите подрачјето ги загрозувате своите животи, објави портпаролот на израелската армија Авичај Адреи на социјалните мрежи.

Израелската армија вчера бомбардираше објекти на бунтовничкото движење Хути. При нападите врз клучното пристаниште Ходеида на Црвено Море, загина најмалку едно лице, а 35 се повредени.

Хутите соопштија дека имало шест напади врз пристаништето Ходеида и дека била погодена и цементарница оддалечена 55 километри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата