Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

-По прецизни разузнавачки информации добиени од Дирекцијата за разузнавање на ИДФ (армијата) и ненадејни околности во текот на ноќта, воздухопловните сили нападнаа команден центар во срцето на Техеран и го елиминираа Али Шадмани, воениот началник на Генералштабот, се вели во соопштението на војската денеска.

Тој командуваше со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и иранската армија, се додава во соопштението.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го именуваше Шадмани за наследник на генералот Голам Али Рашид, началник на Генералштабот на иранската армија, кој беше убиен во израелските воздушни напади врз Иран минатиот петок, според иранските државни медиуми.

Досега нема коментар од Иран за израелската изјава. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата