Тоа би била најголема израелска копнена инвазија врз северниот сосед од 2006 година, со што Либан би бил втурнат во епицентарот на тековната војна со Иран.
Според неименувани израелски претставници, владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се обидувала да ја запре ескалацијата во Либан и да се насочи кон Иран. Но, одлуката е сменета по координираниот напад на Хезболах и Иран на 11 март, кога биле лансирани над 200 проектили.
Пред овој напад бевме подготвени на прекин на огнот во Либан, но по него нема назад, истакна висок израелски функционер.
Од почетокот на војната против Иран, израелската армија на границата со Либан има распоредено три оклопни и пешадиски дивизии, а одредени копнени сили изминатите две недели извршуваа ограничени напади.
Додека изрзелската армија се подготвува за инвазија врз јужниот дел на Либан, Иран во координација со Хезболах напаѓа цели во Израел.

