Италијански брод со 43 мигранти го напушти албанското пристаниште Шенѓин и се упати кон Италија

1.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијански брод со 43 мигранти го напушти албанското пристаниште Шенѓин и се упати кон Италија

Одлуката на судот беше донесена вчера вечерта, еден ден откако една невладина организација соопшти дека на мигрантите сместени во пунктови изградени од Италија во Албанија, им бил одбиен азил според брза процедура.

Со тоа, судот зададе уште еден удар на плановите на италијанскиот премиер Џорџија Мелони за преселување на миграциските центри надвор од ЕУ.

Групата од 43 мигранти била дел од вкупно 49 мигранти пресретнати од италијанските власти во Средоземното Море. Тие беа однесени во Албанија, но неколку од нив веднаш беа прогласени за ранливи и префрлени во Италија. Повеќето од мигрантите во групата се од Египет, Бангладеш, Брегот на Слоновата Коска и Гамбија.

Планот на Мелони занадворешни центри за мигранти досега двапати се соочи со слични судски пресуди, а мигрантите однесени во центрите во Албанија беа веднаш вратени во Италија.

Планот беше силно критикуван од организациите за човекови права и опозициските партии во Италија. Европскиот суд на правдата исто така испитува дали овој план е во согласност со европското право. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата