Италијанската влада воведува ред во модниот сектор

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанската влада воведува ред во модниот сектор

Сето тоа се случи затоа што истражителите открија дека работниците, честопати нелегални имигранти, биле силно експлоатирани - работеле во лоши услови за многу мала плата, додека модните куќи заработувале огромни пари.

Италија е многу важна во светот на модата бидејќи произведува половина од сите луксузни модни производи, истакнува Ројтерс.

Планот не е правно обврзувачки

Планот што го презентираа не е правно обврзувачки, но е наменет како чекор кон подобра контрола на условите за работа. Планот е започнат откако минатата година било откриено дека некои работилници произведуваат скапи чанти за брендови како што се Диор и Армани, но користат ниско платена работна сила.

Неодамна, една единица од познатиот бренд Валентино беше ставена под судски надзор поради случаи на работна експлоатација.

Целта на овој нов план е да се решат идните проблеми пред судот да мора да интервенира.

Планот е да се создаде голема база на податоци што ќе евидентира кои се добавувачите на италијанските модни брендови и како се однесуваат кон своите работници - дали плаќаат даноци, осигурување и дали го почитуваат законот. Овие податоци ќе се ажурираат на секои шест месеци, а внесувањето на податоците ќе биде доброволно.

Модните куќи ќе ги охрабрат своите добавувачи да учествуваат во овој систем. Сепак, на брендовите сè уште им е дозволено да користат добавувачи и подизведувачи кои не го прават тоа.

Регионот Ломбардија, кој го вклучува и Милано, ќе им додели посебен сертификат за транспарентност на компаниите што ќе се приклучат на оваа програма. Сертификатот важи шест месеци и може да се обнови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата