„За време на континуираниот процес на следење и контрола на сомнителни движења за шверц на гориво во Оманскиот Залив, службениците прегледаа странски танкер поради недостаток на соодветни документи за неговиот товар и го запленија под обвинение за транспорт на два милиони литри шверцувано гориво“, се наведува во соопштението на судските власти, цитирано од полуофицијалната иранска агенција Мехр.
Во соопштението се додава дека 17 членови на екипажот на танкерот се уапсени и дека е отворен случај.
Нема непосредни информации за името на танкерот или кое знаме го пловеше, забележувата британските медиуми.
Иран, каде што цените на горивата се меѓу најниските во светот поради дарежливите субвенции и остриот пад на вредноста на националната валута, се обидува да се справи со широко распространетиот шверц на гориво по копно до соседните земји и по море до арапските земји.
„Дејствата на шверцерите на гориво, кои во координација со странци се обидуваат да го ограбат националното богатство, нема да останат скриени од судството, а казните за сторителите, доколку се докажат нивните злосторства, ќе бидат немилосрдни“, се наведува во соопштението на судот.