Иран предложил да им дозволи на бродовите непречено да минуваат низ Ормуската Теснина ако пловат по територијални води на Оман

16.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран предложил да им дозволи на бродовите непречено да минуваат низ Ормуската Теснина ако пловат по територијални води на Оман

Иран би можел да им дозволи на бродовите непречено да минуваат низ Ормуската Теснина без ризик од напад ако пловат по територијални води на Оман, нешто што Техеран го истакна како предлог во разговорите со САД за да се избегне обновен конфликт во регионот, пренесе БТА.

Предлогот повеќе личи на гест отколку на чекор кон итно решение на ситуацијата со стотици бродови кои чекаат да минат низ Ормуската Теснина, витален морски пат низ кој минува речиси една петтина од светската трговија со нафта и природен гас.

- Ги поздравуваме сите чекори што им овозможуваат на бродовите безбедно да минуваат низ воспоставена шема за раздвојување на сообраќајот – рече портпаролот на Меѓународната поморска организација (ММО).

Предлогот на Иран претставува прв конкретен чекор од Техеран да се повлече од своите порадикални идеи во последните недели, кои вклучуваа наплата за премин низ Ормуската Теснина и потврдување на иранскиот суверенитет над неа. Меѓународната индустрија за трговски бродови и двете опции ги сметаше за кршење на меѓународните конвенции за поморско право.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата