Иран негира дека барал прекин на огнот

1.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран негира дека барал прекин на огнот

- Изјавата на Трамп за барањето на Иран за прекин на огнот се лажни и целосно неосновани, наведе Багаи.

Претходно американскиот претседател Донал Трамп на сопствената мрежа „Трут соушл“ објави дека претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан побарал прекин на огнот.

- Претседателот на новиот режим во Иран, далеку поумерен и значително поразумен од неговите претходници, штотуку побара од САД, ПРЕКИН НА ОГНОТ. Ќе го разгледаме ова кога Ормутската Теснина ќе биде отворена, слободна и чиста, објави Трамп.

Тој додаде дека дотогаш САД ќе продолжат со нападите и Иран „ќе го вратиме во камено доба!!!“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата